Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули.
Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри, кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“.
Министерскиот совет вчера ги одобри рамковните позиции на Бугарија за Самитот на НАТО. Со истата одлука се предлага претседателот Радев да ја предводи бугарската делегација и да ги презентира прифатените рамковни позиции. По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев.
Радев е поранешен генерал и пилот на борбен авион. Тој уште првиот ден ја осуди руската агресија врз Украина, но постојано ја критикува воената поддршка на бугарската Влада за Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.