Во Љубљана околу 15 часот се слушнале истрели од огнено оружје, а локалната полициска управа соопшти дека две лица починале од прострелни рани на местото на настанот.

Напаѓачот сè уште е во бегство, соопштија полициските службеници кои го обезбедуваат местото на престрелката и трагаат по сторителот. Според неофицијални информации на словенскиот портал  24ur.com, пак, и пукачот е пронајден мртов.

Ве молиме да ги почитувате упатствата на полициските службеници за да не ја попречувате работата на итните служби, нагласи полициската управа на Љубљана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.