Потврден е првиот случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска, дознава ХРТ од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб.

Имено, станува збор за личност која престојувала во Италија и Шпанија. Пациентот има поблага форма на болеста, не е хоспитализиран, но е во домашна изолација.

Минатиот месец, водечки советник на СЗО рече дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија. Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.