Спасувачките екипи на противпожарната служба на Грција вечерва пронашле безживотно тело на маж во гаражата на траектот „Еурофери Олимпија“ на островот Крф, што воедно е и втората жртва од пожарот што избувна во петокот наутро.
Веројатно е дека станува збор за еден од десетте исчезнати патници, по кои веќе шести ден се трага. Најверојатно сите се возачи на камиони, кои решиле патувањето кон Италија да го поминат во нивните возила паркирани во гаражите на траектот, нешто што е забрането.
Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи.
Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони.
Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет.
Спасени се вкупно 281 лице, девет лица се водат за исчезнати, а беа пронајдени и извлечени две безживотни тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.