Во гаражите на траектот „Еурофери Олимпија“, што се запали на островот Крф, утринава се пронајдени уште две безживотни тела на двајца патници, кои се водеа за исчезнати. Со тоа бројот на потврдени жртви од пожарот што избувна во петокот наутро се зголеми на четири лица.
Синоќа беше пронајдено уште едно тело, седум лица и понатаму се водат за исчезнати, а спасувачката акција продолжува веќе седми ден.
Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи.
Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони.
Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет.
Спасени се вкупно 281 лице, седум лица се водат за исчезнати, а беа пронајдени и извлечени четири безживотни тела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.