Српскиот претседател Александар Вучиќ со почести го пречека својот кубански колега Мигел Дијаз-Канел Бермудез. Церемонијата на пречек на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез започна нешто по десет часот, а гостинот од Куба го пречека Вучиќ.
Кубанскиот претседател беше пречекан со сите почести – црвен тепих, стража и химни, по што во знак на почит се поклони пред српското знаме.
Потоа започна тет-а-тет средбата меѓу Вучиќ и Мигел Дијас-Канел Бермудез.
Во 10:45 часот се планирани пленарни разговори на делегациите на Србија и Куба предводени од претседателите на двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.