По неколку години во бегство уапсен Иван Вујовиќ (35) од Подгорица. Тој беше уапсен во петокот во Загреб, веројатно кога најмалку очекуваше, а сега се очекува да биде екстрадиран во Србија.

Вујовиќ, во медиумите наречен „Ал Капоне на Балканот“ има дебело досие, а почна да го „пополнува“ пред 15 години.

Случајот „Вујовиќ“ е добро познат на Црногорците, но и на полицијата во регионот, од поодамна во 2006 година, додека оттогаш, до пред неколку дена, црногорскиот мафијаш се сметаше за недофатлив.

Покрај убиство и обид за убиство, криминалната историја на Вујовиќ ја одбележаа и бројните пластични операции со кои го менуваше идентитетот, „игра“ со полицијата, бегајќи од затвор, но и очигледно „силните врски“ кои му помогнаа да ја избегне правдата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.