Пратеникот на Самоопределување, Мефаиљ Бајчиновци, изјави дека Косово е подготвено и има доволно оружје да одговори на евентуален напад, пренесува „Репортерс“.

Косово е подготвено за секаков напад. Владата, полицијата и безбедносните агенции се подготвени. Вооружени сме и имаме финансиски средства – рече Бајчиновци.

Косово има капацитет затоа што има искуство во оваа област. Има оружје, оружје е купено. Моделите се нови. Со ова што го имаме, земјата ќе биде заштитена, рече тој.

Албин Курти во последните месеци често ги повторуваше во медиумите своите изјави за можна војна на Косово и обвинувањата против Србија, потсетува Косово онлајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.