„Српска листа“ соопшти дека денеска деветмина пратеници од таа партија технички ги верификувале своите мандати во Собранието на Косово и на тој начин, како што наведува, ги задржале тие мандати во сигурни раце. По заклетвата, пратениците веднаш ја напуштиле собраниската седница, пренесува Бета.
Денешната стратешка одлука најдиректно ја спречи реализацијата на планот на Албин Курти и на „подобните“ Срби за промена на Уставот и законите кои ги гарантираат правата на српскиот народ на Косово и Метохија. Намерата на Курти и Рада Трајковиќ, но и останатите како неа, беше гласање за измена на уставот што ќе доведе до укинување на српските општини, одземање имот од СПЦ, укинување на српскиот јазик, право на застапеност во институциите, се вели во соопштението објавено на Инстаграм.
Српска листа додава дека оваа стратешка и политичка одлука на никаков начин нема да го запре процесот на напуштање на косовските институции на северот на Косово, со што се затвораат сите косовски институции на таа територија, а како одговор, според нив, на прекршувањето на бриселскиот договор, на малтретирање на српскиот народ и газење на сите човекови права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.