Завршена е обдукцијата на телото на 15-годишното момче кое почина во неделата попладне додека пливало на плажата Неа Фогитоa на Халкидики.

Информациите на грчките медиуми говорат дека причина за смртта е давење, нешто што го утврдил судско-медицинскиот преглед.

Во следниот период се очекуваат и резултати од хистолошки прегледи за да се покаже дали 15-годишното дете загубило свест од друга причина додека било во вода или се удавило додека пливало.

Момчето било починато кога го извлекле на брегот, па обидите за реанимација биле неуспешни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.