Од утрово во објектите во Белград пристигна нови дојави за бомби, а овој пат дојавите стигнаа и на адреси на неколку болници во Белград. Како што соопштија српските медиуми, пријавите пристигнале во Градската болница Звездара и КБЦ Земун.
Според неофицијални информации, во Земун се евакуирани возилата на брзата помош, јави допсиникот на МИА од Белград.
Од час на час пристигаат нови дојави за бомби во образовните институции, а ги добија Високата школа за електротехника и компјутерски стручни студии, Медицинската школа, ПТТ на Палилула во Белград и гимназијата Бора Станковиќ во Ниш.
Учениците и вработените се евакуирани, а информирана е и полицијата. Екипата за контрадиверзиони работи извршила увид во зградата на Гимназијата „Бора Станковиќ“ при што било утврдено дека пријавата е лажна.
Претходните денови до бројни училишта, но и студентски домови и трговски центри пристигнаа мејлови во кои пишуваше дека во објектите се поставени бомби.
Во понеделникот, на електронската пошта на 173 белградски основни и средни училишта пристигна предупредување дека се поставени експлозивни направи. Контрадиверзионите екипи на МВР се уште не извршиле увид во сите образовни институции. Во 70 училишта кои не беа ревидирани, наставата се организираше онлајн.
Помошник-министерот за образование Милан Пашиќ утринава изјави дека училиштата имаат план за евакуација, а во сите училишта кои биле прегледани пријавите се лажни.
Исто така, на Форумот на белградските гимназии рекоа дека секоја гимназија на територијата на Белград, со исклучок на гимназијата во Младеновац, во понеделникот добиле дојави за поставени експлозивни направи во училиштата. Затоа денеска преку интернет ја започнаа утринската смена три средни училишта и тоа Осмата белградска гимназија, гимназијата „Патријарх Павле“ и Дванаесетата белградска гимназија.
– Се покажа дека во сите училишта кои се веќе проверени, а тоа е мнозинството, пријавите се лажни. Сега имаме сериозен проблем што може да влијае на редовниот крај на учебната година, изјави Александар Марков, претседател на Гимназиски форум.
Тој нагласи дека кога се во прашање мерките, да нема можности да се применат некои посебни мерки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.