Државната изборна комисија на Црна Гора на денешната седница ја потврди претседателската кандидатура на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ.

Утврдено е дека доставената документација е точна и била утврдена важност на 8.465 потписи.

Претставниците на ДПС вчера до ДИК ја доставија кандидатурата на Ѓукановиќ за претседателските избори во Црна Гора.

ДИК досега ги утврди претседателските кандидатури на лидерот на Нова српска демократија Андрија Мандиќ и на пратеничката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.

Претседателските избори се закажани за 19 март, а кандидатурите до Државната изборна комисија треба да се достават до вечерва на полноќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.