Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј Периш вели дека ја чека вистината без разлика каква е. Ништо друго не го интересира и вели дека не живее за да го пронајде, туку да ја дознае вистината за тоа што се случило.

Поминаа речиси четири ипол месеци откако Матеј исчезна во Белград. Секоја трага му се губи ноќта меѓу 30 и 31 декември кај „Бетон хала“.

„Ова чекање е најголем проблем. Сакам да ја дознаам вистината, без разлика каква е затоа што тоа може да ми даде мир. Живееме затоа што мораме за нашиот Матеј. И морам да кажам дека кога плачам, чувствувам дека сум блиску до него. Кога се молам на Бог и тогаш чувствувам дека е блиску, верата многу ми помага да останам силен во овие тешки денови“, вели таткото на Матеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.