Сплавот „Боем“ на кејот на Дунав во Смедерево, Србија, ноќва потонал преполовувајќи се, јавува РТС. На видеото од социјалните мрежи се гледа дека во моментот кога водата влегла во сплавот имало гости, но тие успеале да се евакуираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Противпожарната единица набрзо излегла на терен. Како што потврдија за РТС, нема повредени.

Засега не е позната причината за потонувањето на сплавот.

За време дочекот на 2023 година, неколку минути по полноќ поради преполн капацитет потона белградскиот сплав „Фристајлер“. Неколку месеци подоцна, во јули, загина момче од тимот за расчистување на остатоците, откако фрижидер падна врз него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.