Меѓу уапсените за падот на настрешницата во Нови Сад се Небојша Шурлан, поранешен директор на компанијата „Инфраструктура железнице“ и Јелена Танасковиќ, која до пред неколку дена беше директор на истата фирма, објави Нова.рс.
Мондо пак поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, како и помошничката на Весиќ задолжена за железнички и интермодален транспорт, Анита Димоски.

Горан Весиќ на социјалната мрежа Х напиша дека не е уапсен, туку дека „доброволно се јавил на повикот на полицајците и им е на располагање на полициските органи“.

Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани
– напиша Весиќ.

Тој поднесе оставка од функцијата неколку дена по несреќата во Нови Сад.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад денеска соопшти дека се уапсени и приведени вкупно 11 лица поради постоење основано сомнение дека се одговорни за падот на настрешницата од зградата на Железничката станица во Нови Сад. За наведените кривични дела е пропишана затворска казна од две до 12 години.

Настрешницата на станицата се урна на 1 ноември. Загинаа 15 лица, а две лица се уште се борат за живот. Меѓу загинатите е и 45 годишниот македонски научник, Васко Саздовски.

По трагедијата во Србија беше следеа протести на граѓаните кои бараа одговорност за катастрофата што се случи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.