Групата собрана околу бегалецот со полициска значка, Љубо Миловиќ, со години шверцувал кокаин во Европа.
Откако црногорските истражители пред два дена извршија историска акција за апсење на поранешни и сегашни припадници на полицијата, кои, како што се верува, со години соработувале со Кавачкиот клан, откриено е како полицискиот нарко картел шверцувал кокаин.
Кланот шверцувал кокаин од Јужна Америка во Европа, а истражителите пронашле докази за најмалку три тони бел прав.
Дрогата кон Европа одела од пристаништето Бар, но и преку Антверпен, Германија и Турција. Доказ за тоа на црногорските истражители им обезбеди Европол, со целосни транскрипти од разговорите водени преку шифрираната апликација „Скај“.
Специјалното државно обвинителство анализирајќи ги доказите утврдило дека Љубо Миловиќ во тој криминален бизнис вмешал неколку негови колеги – активни и поранешни полицајци, главно негови кумови и пријатели, пишува Вијести.
Сите имале прецизни улоги во кланот, некои имале задача да ги искористат своите службени овластувања за да проверат дали нивните колеги кои работат со чест се на нивната трага и да алармираат доколку постои опасност. Други имаа задача да ги вмрежат оние што им беа потребни за да ги стават валканите пари на легални канали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.