Турската полиција денеска насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул и уапси над 150 луѓе, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес, јавија светските медиуми.

Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста.

По спектакуларната поворка во 2014 година во Истанбул, на која присуствуваа повеќе од 100.000 учесници, турските власти од година во година ја забрануваат Парадата на гордоста, официјално од безбедносни причини. ЛГБТ-здруженијата ги обвинуваат властите дека свесно и намерно водат кампања против оваа малцинска заедница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.