Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми.

Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац.

Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо.

Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави. јт/зш/

Фото: Интернет страница на ОУ „Дринка Павловиќ“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.