Силен земјотрес се случи во 23:43 часот во неделата на 9 јануари во Лерин, пренесуваат медиумите во Грција.

Вознемирените жители излегоа на улица. Земјотресот бил почувствуван речиси низ цела Северна Грција до Лариса.

Според ревидираната објава на Геодинамичкиот институт, се работи за земјотрес со јачина од 5,3 степени, со фокусна длабочина од 14,1 км. Земјотресот се случил на 2 километри западно од Лерин.

Земјотресот ги вознемири жителите, бидејќи беше многу силен и плиток, а долго траеше и бучеше. Жителите на Лерин, според ЕРТ побегнале од своите домови и излегле на улиците на градот.

Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три сеизмички потреси, со јачина од 3,5 според Рихтер на 19 километри северозападно од Лерин и на длабочина од 5 километри, вториот исто 3,5 степени според Рихтер на длабочина од десет километри и третиот земјотрес 4,1 степен според Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.