Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Јариње е целосно отворен за сообраќај утрово, речиси еден месец откако беше затворен, јави дописникот на МИА од Приштина.
Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека овој граничен премин е целосно отворен за влез и излез од Косово претпладнево во 08:30 часот.
Граничниот премин во Јариње, како и оној во Берњак – кои се наоѓаат на косовскиот север, населен со мнозинство Срби – беа затворени од косовските власти на 24 септември, по вооружениот напад на српска група врз косовската полиција, во кој загина еден полицаец и тројца од напаѓачите. Овој напад косовските власти го окарактеризираа како терористички и го обвинија официјален Белград за неговата подготовка и реализација.
Берњак веќе беше отворен за влез/излез на 4 октомври, додека Јариња беше блокиран за влез во Косово, а беше отворен само за излез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.