Патниците од трети земји отсега ќе можат да патуваат во Хрватска без ковид сертификати или негативен тест. Со тоа, како што потврдија од хрватското МВР од вчера повеќе не важат ограничувањата на границите што беа донесени за време на пандемијата на коронавирус.
Важноста на Одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година, не е продолжена. Затоа, влезот во Република Хрватска е дозволен под условите за влез кои важеле пред епидемијата на Ковид-19, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн., но без исполнување на епидемиолошки услови, соопштија тамошните власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.