Нова претседателка на Врховниот суд на Црна Гора е Валентина Павличиќ, поранешна застапничка на државата пред Европскиот суд за човекови права и поранешна судијка на Вишиот суд во Подгорица.

Павличиќ на седницата одржана денеска ја доби поддршката од Судскиот совет за изборот на новата функција.

Судскиот совет ја избра за претседателка на Врховниот суд дури по девет јавни конкурси, место кое е испразнето од декември 2020 година.

Од септември 2021 година, в.д. претседателка на Судот беше Весна Вучковиќ.

Павличиќ беше предложена за таа функција откако на општата седница на Врховниот суд ја доби поддршката од мнозинството судии.

Таа за време на интервјуто рече дека никогаш не бил потежок момент за црногорските судии, бидејќи од една страна треба да се бранат од стигматизирањето и омаловажувањето со кое секојдневно се соочуваат, а од друга страна да ја бранат честа и угледот на судската професија.

Дел од невладиниот сектор го оспорува нејзиниот избор, наведувајќи дека во реформираниот судски систем не би можела да биде ниту судија бидејќи не го пријавила целиот имот и поради, како што тврдат, сомнителните бизниси на нејзиниот сопруг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.