На сите сопственици на автомобили со српски регистерски таблички на Косово од 1 ноември ќе им биде издадено предупредување со барање да одат во Центарот за регистрација на возила, изјави за балканскиот сервис на Радио Слободна Европа Нора Фетоши, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на Косово.

Од 21 ноември до 21 јануари сопствениците на автомобили кои се уште имаат српски регистарски таблички на Косово ќе бидат казнети со 150 евра.

Владата првично имаше рок до 31 октомври за пререгистрација на автомобилите со српски регистарски таблички во Република Косово.

Според новиот план, од 1 ноември до 21 ноември ќе се опоменуваат сопствениците на автомобили со српски регистарски таблички, а од 21 ноември до 21 јануари ќе се казнуваат.

Според одлуката на Владата, подоцна ќе се користат пробни регистарски таблички, а по 21 април автомобилите со овие таблички нема да можат да се движат на Косово.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија изразија разочарување зошто Владата на Косово не ги исполнила барањата на меѓународните партнери.

ЕУ го повика Косово да даде повеќе време за укинување на српските регистарски таблички

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека САД заедно со европските партнери побарале од Владата на Косово десетмесечно одложување на одлуката за регистарските таблички, иако сметаат дека Косово има право да ја спроведе одлуката.

Во 2011 година Косово и Србија започнаа преговори за нормализација на односите со посредство на Европската унија.

Се очекува преговарачкиот процес да заврши со правно обврзувачки договори.

Иако Косово наведува дека овој договор треба да вклучува и меѓусебно признавање, Србија тоа не го прифаќа, инсистирајќи на „компромисно решение“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.