Четиринаесетгодишник е полесно повреден, додека татко му се бори за живот во болница откако со возило излетале од патот во селото Ткалци кај Крапина, Хрватска.

Како што пренесува локалниот портал „Загорје“, сообраќајната незгода ја предизвикал 14-годишникот кој возел под дејство на алкохол и каде поради неприлагодена брзина удрил во арматурните мрежи поставени на потпорниот бетонски ѕид покрај патот.

Пожарникарските екипи кои интервенирале морале да го исечат автомобилот со ножици за да го извлечат повредениот татко, кој бил пренесен во Општата болница Забок, каде се бори за живот со пукнат мочен меур и тешка повреда на аортата. Момчето поминало со полесни повреди.

И на двајцата им било измерено значително количество алкохол во крвта.

Според информациите од хрватската полиција, сообраќајната незгода била предизвикана поради неприлагодена брзина, а возачот, малолетно лице родено 2007 година, управувал со 1,29 промили алкохол во крвта. Против него е поднесена кривична пријава до Државното правобранителство за млади во Загреб, а во целиот случај ќе биде вклучен и Центарот за социјални работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.