На вонредна прес-конференција, претседателот на Бугарија, Кирил Петков, изрази јавна благодарност за пратениците од „Има таков народ“ кои ја напуштија партијата и со тоа одлучија сепак да останат во владејачкото мнозинство, објави БНТ.

Сакам да им се заблагодарам за големата храброст на луѓето како Радостин Василев, кој во последните месеци со сите сили се бореше за борба против мафијата во спортот. Благодарност и до Георги Георгиев, Иво Атанасов, Николај Радулов, Дејан Петков и Светлин Стојанов. Денеска видов некои храбри луѓе кои знаат дека нивната лојалност не е кон бекстејџ пејачот со неговите 20-годишни пријатели и Орлин Алексиев и друштвото. Овие луѓе се навистина храбри, Бугарија има шанса. Мафијата штотуку го загуби коалициониот партнер – изјави Петков.

Претходно, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, порача дека поради Македонија и финансиската криза во државата министрите од неговата партија ќе ја напуштат Владата, за набргу потоа осум пратеници да одлучат да ја напуштат партијата на Трифонов и на тој начин да останат во влајдечкото мнозинствo.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.