Пет лица се заробени во пештерата Крижна Јама во југозападна Словенија и не можат да излезат поради висок водостој предизвикан од обилните врнежи, соопштија денеска локалните власти.

Меѓу нив е и тричлено семејство и двајца водичи кои се таму од саботата, кога нивото на водата во пештерата се подигна, блокирајќи го излезот.

Словенечките спасувачки екипи соопштија дека нуркачи стигнале до групата и ја префрлиле на безбедно место предвидено за такви ситуации, каде ќе треба да чекаат да се намали нивото на водата.

Во акцијата за спасување во моментов се вклучени 35 спасувачи и осум нуркачи од цела Словенија, потпомогнати од 11 пожарникари и припадници на силите за цивилна заштита, соопштија властите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.