Тричлено семејство, мајка, ќерка и очув, заедно со двајца водичи, од саботата попладне беа заробени во пештера во Словенија откако нивото на водата се подигна, а денеска конечно го здогледаа светлото на денот.

Пет лица се спасени благодарение на големите напори на спасувачите кои денеска поради падот на нивото на водата им пришле и ги евакуирале надвор.

Евакуацијата траела од 9 до 15:05 часот, кога спасувачите успеале да го извлечат првиот човек на безбедно.

За потсетување, тие се заробени во пештерата од саботата попладне, на околу 2,4 километри од влезот, по покачувањето на нивото на водата.

Нивото на водата почна да опаѓа во неделата навечер, а конечната одлука на спасувачите ја донеле денеска по проценката на ситуацијата која ги затекна утрово. Спасувачите утрово околу девет часот влегле во пештерата и извршиле проценка, по што започнале со евакуација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.