Најмлаку 32 луѓе загинаа, а 85 се повредени во судар на два воза во Грција, во блзина на градот Лариса околу полноќ, објавија пожарникарите. Се судрија товарен и патнички воз, а спасувачките тимови извлекуваат луѓе од смачканите вагони.
„Ова е ужасна ноќ. Беше многу силен удар. Тешко е да се опише глетката“, вели преживеан патник од несреќата.
Слушнавме силен удар“, вели аптникот Стеригиос Миненис, а пренесе Ројтерс. „Беше тоа десет секунди хорор. Се превртувавме во вагонот, додека не паднавме на страна и додека не настана метеж. Тогаш почна паниката. Огнот беше лево и десно, насекаде… Десет-петнаесет секунди беше хаос. Превртување, пожари, кабли висат, скршени прозорци, луѓе вриштат, заробени луѓе“, додава тој.
Евакуацијата на патниците е во тек во многу тешки услови со оглед на сериозноста на судатор на возовите, вели портпаролот на пожарната служба Василис Вартакогианис.
Регионалниот гувернер на Тесалија, Константинос Агорастос, за ТВ Скаи вели дека првите четири вагони на патничкиот воз излегле од шините по сударот, додека првите два, кои и се запалиле, се потполно уништени.
Гувернерот вели дека двата воза оделе еден кон друг со голема брзина на ист колосек. „Патувале со голема брзина и едниот возач не знаел дека другиот доаѓа кон него“, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.