Српски туристи сведочат за хоророт што го доживеале на грчкиот остров Родос каде што беснеат пожарите.
Нема повредени патници од Србија, а околу 34 од нив се евакуирани, пренесуваат српските медиуми.
Некои туристи побегнаа од пеколот на Родос во некои други делови на Грција.
Една од нив е Тијана Ј., која е една од администраторите на групата „Во живо од Грција“.
Пријатели, пристигнав во Атина. На Родос е пекол. И верувајте ми, тоа е мал збор. Тоа што се случува таму не може да се опише ниту со зборови ниту со слики, вели Тијана.
Чадот што го вдишувате и сите чувства што ги доживувате, ниту еден американски филм не може да ви го претстави, рече таа.
Додава дека се случува целосна неорганизираност на власта и толпа разочарани туристи пред се’, а потоа и обични луѓе кои се трудат да спасат парче од својата земја и она што го стекнале со децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.