На црковниот празник Покров на Пресвета Богородица, патријархот на СПЦ Порфириј денска беше устоличен на тронот на пеќките архиепископи и српските патријарси во Пеќката патријаршија, древното седиште на поглаварите на Српската православна црква (СПЦ). На светата литургија солужуваа и преставници од другите помесни православни цркви, меѓу кои и од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.

Патријархот Порфириј непосредно по изборот, на почетокот на минатата година, беше устоличен во соборната црква во Белград, кога ги доби правата и должностите што му припаѓаат како поглавар на СПЦ.

Обичај е тој да биде устоличен и во Пеќката патријаршија, древното седиште на поглаварите на СПЦ, но тоа беше одложено, како што соопштија од СПЦ, поради епидемиолошките мерки на Косово.

Денеска, епископот црногорско-приморски Јоаникије му ја предаде на патријархот Порфириј панагијата, а претходно зворничко-тузланскиот епископ Фотије, член на Синодот на СПЦ, ја прочита грамотата за устоличувањето на патријархот Порфириј.

Претходно, со патријархот Порфириј литургија служеа повеќе епископи на СПЦ, како и на други православни цркви, по што е објавен свечениот чин на устоличувањето на Порфириј на тронот на архиепископите пеќки и патријарсите срспки.

Од МПЦ-ОА на литургијата сослужуваше митрополитот преспанско-пелагониски Петар.

Патријархот Порфириј по официјалното устоличување рече дека неговата програма е „мир и само мир, а пред се со првите соседи, мирот како единствена можност за опстанок и на нашите и на нивните деца“.

-Ги повикувам сите верници од ова место да се помолат за сите луѓе, за сите браќа и сестри, сите сонародници и оние со кои живееме, а пред се за нашите браќа Албанци, заедно да градиме мир, како што изградија српските и албанските семејства, кои и во добро и лошо ја чуваа Пеќската патријаршија и Високи ДечанÐ ¸, рече патријархот Порфириј.

Порфириј е 46-ти српски патријарх, а 57-ми поглавар на Српската црква, бидејќи претходно тие биле архиепископи, почнувајќи од првиот архиепископ Свети Сава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.