Вчера се случила тепачка во авионот „Сан експрес“ кој летал од Манчестер за Даламан во Турција, кој поради инцидентот морал принудно да слета во Белград.

Еден од патниците предизвикал непријатна ситуација откако конзумирал алкохол, а поради непријатностите, авионот принудно слетал на белградскиот аеродром, а на дестинацијата Даламан пристигнал со два часа задоцнување.

На видеата кои беа споделени на социјалните мрежи се гледа како еден патник навредува и вика на друг, создавајќи непријатна атмосфера во авионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.