Претседателот на Словенија, Борут Пахор, за албанскиот портал „Албаниан пост“ изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот.

Пахор истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европската Унија“.

Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ – истакна Пахор.

Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ“.

Пахор потенцира дека ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Регионалниот совет за соработка (РЦ).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.