Урош Пашајлиќ(38) уапсен е денеска после четири дена потрага под сомнеж дека својата осумгодишна ќерка ја држел заробена во стан во Миријево.
Случајот со невидено семејно насилство беше обелоденет деновиве. Како што дознава српски Курир, девојчето (8 години), чиј татко со години ја држел заробена во када, било спасено кога на крајот на минатата недела две полицајки упаднале во стан во станбената зграда.
Во бањата во када го нашле девојчето едвај живо. Малата била толку изгладнета и дехидрирана што едвај давала знаци на живот.
На општо чудење и солзи на очевидци, снимен е повеќе од морбиден детаљ од станот на хоророт – на кадата каде ја држел во заробеништво, таткото ставил и заедничка фотографија од себе и ќерката.
Една од двете полицајки кои дошле да интервенираат ја носела во раце на нескриено чудење на соседите и очевидците кои мислеле дека носат бебе во розова јакна, бидејќи 8-годишното девојче било многу малечко, ненахрането и исцрпено.
Соседите за Курир.рс изјавиле дека не ни знаеле дека девојчето постои. Таткото Урош П.(37) со години ја држел како робинка, а за неа се дознало откако жена дошла во просториите на полициската станица Палилула за да го пријави својот невенчан сопруг, поради семејно насилство. Дошла со видливи повреди во пределот на носот и набиеници под двете очи, при што е направена комплетна фотографија, а по извршената изјава жената била упатена на преглед во Ургентниот центар. За се да биде пострашно, изјавила дека нејзиниот сопруг има и ќерка која со години ја чува заклучена во станот на Звездара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.