Јован Вукотиќ, кој беше убиен во Истанбул на 8 септември го следеле дури пет членови на криминална група.
Како што откриваат турските медиуми, меѓу нив била и една жена, црногорската државјанка Еланур Туна, која исто така била одведена во голема полициска акција осум дена по убиството на Јован Вукотиќ.
На видеото од безбедносните камери се гледа како Црногорката со двајца мажи се шетаат низ трговскиот центар, на кратко растојание од Вукотиќ.
Таа група го следела белото возило со кое Вукотиќ и неговата сопруга се возеле низ Истанбул, каде и да оделе. За да останат незабележани, наводно смениле дури 35 регистарски таблички на автомобилот.
Секогаш држеле дистанца, но на денот на убиството камерите во трговскиот центар снимиле како откако влегол автомобилот на Вукотиќ со сопствено возило влегле и во гаражата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.