Основниот суд во Приштина го отфрли обвинителниот акт против петмината осомничени, Е.Р. и Ш.К, како и против тројца малолетници вмешани во силување на 11-годишно девојче во август минатата година.

Одлуката ја донел судијата Аднан Исуфи, наведувајќи дека обвинението, односно предлогот во шест точки е нецелосен, објави „Рeпортери“, повикувајќи се на „Заклетвата за правда“.

Во одлуката се наведува дека судот при разгледување на обвинителниот акт е ограничен да не го прејудицира завршувањето на кривичната постапка.

-Иако судењето се уште не е започнато, судот не може да оцени дали фактичката состојба е целосно докажана и несомнено врз основа на доказите, бидејќи со тоа целосно ќе се наштети на завршувањето на судењето, се наведува во одлуката.

Се додава дека обвинителниот акт или предлогот во наведените точки не е доволно јасен, збунувачки, а фактичкиот опис јасно не соодветствува со правната квалификација на кривичните дела и дека е неприфатливо да се подигне обвинителен акт како би се испитал случајот во текот на судскиот процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.