Од денеска се укинува вонредната пандемиска состојба во Бугарија, а некои антиепидемиски мерки се уште остануваат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од денеска се укинува барањето за задолжително носење заштитни маски во затворени јавни места, одржување физичка дистанца, за ограничување на бројот на лица кои можат истовремено да бидат во затворен простор, како и за забрана за посета во болниците.

Носењето заштитни маски останува пожелно за места каде што се собираат многу луѓе.

Од денеска до 15 мај 2022 година, сите лица, без разлика од која земја доаѓаат во Бугарија, ќе треба да приложат валиден дигитален сертификат на ЕУ за вакцинација, за прележаност на болеста, тест или сличен документ што ги содржи истите податоци. Лицата кои нема да достават барем еден од овие документи ќе бидат примени на територијата на Бугарија, но ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.