Бројот на лицата баратели на азил во Албанија значително се намалил во 2022 година, по значителниот раст забележан во 2021 година, како резултат на пристигнувањето на авганистански државјани кои избегаа од војната и привремено дојдоа во Албанија, врз основа на договорот меѓу албанската и американската влада, јавија албанските медиуми.

Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата имало само 125 барања за азил, наспроти 2.533 во претходната година.

Барателите на азил со потекло од Авганистан учествуваат со 28,8 отсто од вкупниот број или 36 лица по што следуваат оние од Украина со 27 барања.

Во текот на 2022 година донесени се 24 позитивни решенија за доделување статус на дополнителна заштита на баратели на азил, од кои 10 се на државјани со авганистанско потекло, шест на државјани со египетско потекло, пет на државјани од Сирија и три случаи на државјани од Тунис, потврдува официјалната статистика.

Пред неколку години, кога бегалците од Сирија, албанската територија ја користеа како транзит, кон западно европските земји, бројот на баратели на азил само од оваа земја ја надминуваше бројката од три илјади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.