Душан С. од Бор беше уапсен на 9 октомври под сомнение за обид да предизвика паника и неред преку закани кон родителите на Данка Илиќ, кои ги споделувал на социјалните мрежи, објавија српските медиуми.
Со одобрение на Основното јавно обвинителство во Бор, му беше одредена мерка притвор до 48 часа, додека се спроведува прелиминарна истрага. Во истрагата, покрај Душан С., беше приведено уште едно лице кое наводно испратило закани до семејството на малата Данка Илиќ.
При претресот на станот на осомничениот, беа пронајдени комуникациски средства, куршуми од пиштол калибар девет милиметри, експлозивна направа, електронски детонатор и одредена количина на амфетамин кај неговата партнерка. Според информациите, Душан С. во последните 20 години извршил голем број кривични дела и отслужувал казни за различни прекршоци, вклучително и тешки кражби, трговија со дрога и фалсификување документи. Во 2023 година кај него беа откриени 17 килограми дрога, за што постапката се води пред Вишото јавно обвинителство во Зајечар.
Покрај ова, за убиството на Данка Илиќ, за кое постои сомнение дека се случило на 26 март, обвинети се Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, вработени во ЈКП „Водовод“. Против нив се собрани клучни докази како сведоштва, видео записи од надзорни камери и ГПС податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.