Нова демократија на првата, СИРИЗА на втората, ПАСОК – Движење на промена на третата позиција е резултатот на процените за изборниот резултат од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.
Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Open, Action24 и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички exit polls во соработка со агенциите „Pulse“, „MRB“, „MARC“„Metron analysis“„ GPO“ и „ALCO“.
Резултатите од 80 отсто преброени exit poll за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила:
Нова демократија од 36 до 40 отсто
СИРИЗА од 25 до 29 отсто
ПАСОК – Движење на промена од 9,50 до 12,50 отсто
Комунистичка партија на Грција од 6 до 8 отсто
Грчко решение од 3,50 до 5,50 отсто
МЕРА25 2,50 до 4,50 отсто
Во однос на распоредот на пратеничките места, процените на агенциите, според 80 проценти од преброени гласови се дека Нова демократија не добива доволен број пратеници за еднопартиска влада.
Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.
Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.