Сокол Халими, кој се самоуби откако ја уби бремената сопруга пред гинеколошката клиника во Приштина, оставил проштално писмо.

Халили напишал долго проштално писмо до родителите додека полицијата го барала речиси 48 часа за убиството на Хамида Магаши.

На почетокот на писмото, тој вели дека намерно ја убил сопругата и ја обвини Хамиде дека со нејзините сестри планирале да му го одземе детето. Халили наведува дека сопругата го замолила да се разделат и детето сама да го одгледува во татковата куќа, а за тоа му понудила 25.000 евра.

– И кажав дека не можам да го оставам моето дете така. Ја застрелав двапати во телото. Кога падна на земја, ја застрелав уште еднаш во главата. Го видов мојот погреб пред очи – напишал Халили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.