Граѓаните на Грција имаат уште неколку дена да одлучат дали ќе примат вакцина против Ковид, зашто во спротивно ќе следуваат казни.

Невакцинираните Грци кои навршиле 60 години имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно.

Од 16 јануари во сила стапува одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група – јави дописничката на МИА од Атина.

Не случајно е донесена ваква мерка. Девет од десет смртни случаи од Ковид ја погодуваат оваа возрасна група, седум од десет приклучени на апарати се постари од 60 години, а осум од десет интубирани лица се невакцинирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.