Членовите на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ денеска треба јавно да ја изнесат својата одбрана дека стојат зад најмалку седум убиства, едно силување, недозволено поседување оружје и трговија со дрога. На подготвителното рочиште кое се одржа пред почетокот на судењето на водачот на кланот, како и на останатите обвинети кои не се договориле со обвинителството, се изјаснија за невини.

Марко Миљковиќ, кој го оспори обвинението и сите докази врз кои се заснова, при своето воведно излагање делумно ја откри тезата на која, може да се очекува, ќе се заснова нивната одбрана, а тоа е „нема тело, нема дело“.

Во прилог на таа теза, која ја изнесе на судската говорница во Специјалниот суд, го наведе случајот со исчезнувањето на момчето Ѓорѓе Андрејиќ (13) во 2010 година во околината на Пожаревац. Судбината на момчето не беше откриена, а неговата мајка беше обвинета за убиство, но на крајот од постапката таа беше правно ослободена бидејќи телото на момчето никогаш не беше пронајдено.

По секое убиство членовите на криминалната група преку апликацијата Скај разменувале фотографии, но и пораки за стореното кривично дело и дека во тие пораки често ја повторувале реченицата „нема тело, нема дело“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.