Спасувачките служби извлекоа неколку повредени од шесткатница во турскиот град Шанлиурфа, која се урна откако беше оштетена во разорните земјотреси на 6 февруари, пишува агенцијата Анадолу.
По двата разорни земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, кои пред еден месец ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, следеа серија последователни потреси. Шесткатницата во Шанлиурфа беше оштетена по првите два силни земјотреси, но тогаш не се урна. Серија последователни земјотреси влијаеле на статиката на зградата, која на крајот се урнала.
Агенцијата јавува дека вработените во итната помош ги повикале сите во близина да бидат тивки за да можат да ги слушнат звуците што доаѓаат од под урнатините. По земјотресот речиси два милиони луѓе останаа без покрив над главата во Турција. Многумина беа сместени во шаторски кампови, но некои луѓе почнаа да се враќаат во своите оштетени домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.