Никој не сака да го преземе телото на бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој пред четири дена изврши масакр во Градачац, БиХ. Дури ни неговиот татко.

Како што дознава „Аваз“, негови пријатели изјавиле дека таткоторекол: „Не ме интересира тоа гомно“.

Убиените татко и син, Џенгиз и Денис Ондер, денеска ќе бидат погребани на гробиштата Сехитлуча. Неговата сопруга, Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера на гробиштата кај Градачац.

Сулејмановиќ ги рани и сопругата на Џенгиз, Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќ и Недим Памуковиќ. Тој го сними монструозниот чин на убиство на сопругата и го објави на Инстаграм.

После тоа со автомобил се упати до фарма во близина на Градачац, каде опкружен од полициски сили извршил самоубиство.

Сега се поставува прашањето каде и кога ќе биде погребан Сулејмановиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.