Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов на Фејсбук потврди дека добил информација дека седум пратеници од неговата партија ќе ја напуштат неговата пратеничка група.
Според Трифонов, тие ќе ги поддржат копретседавачите на владејачката партија „Промените продолжуваат“ Кирил Петков и Асен Василев.
Трифонов пишува дека тие „најверојатно биле купени со пари и позиции“.
Ќе се види кој што ќе стане – напиша Трифонов.
Пратеникот од владејачката партија „Промените продолжуваат“ Атанас Михнев претходно најави дека нашле дел од потребниот број пратеници за да обезбедат мнозинство во Народното собрание на Бугарија.
Тој беше дециден дека не се пазарат за пратеници, туку се пазарат само за да ја продолжат борбата против корупцијата, за храброст против мафијата.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, за владејачкото мнозинство да ја задржи власта во Народното собрание на Бугарија, треба да се обезбедат вкупно 12 гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.