Српската православна црква соопшти дека властите во Приштина му забраниле на патријархот на СПЦ Порфириј да дојде во Пеќската патријаршија во пресрет на Божик, јавува Н1. Српскиот патријарх со чудење ја примил веста дека пред големиот празник Рождество Христово што го празнува целиот христијански свет нема да пристигне во Патријаршијата во Пеќ.
Со оценка дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, патријархот ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби ко
Патријархот Порфирије не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќската патријаршија и очекува оваа крајно дискриминаторска одлука да биде поништена, соопшти неговиот кабинет.
Патријархот додаде дека „се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе“ и дека „особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.