Вознемирувачко видео полно хаос и вандализам сред час се шири на социјалните мрежи. Станува збор за снимка од гимназијата „Никола Тесла“ во Баточина, Србија. На видеото се гледа ученик кој превртува клупа, дивее, а соучениците гласно го пријателите го бодрат. Наставничката немоќно се обидува да воведе ред и да спречи поголем инцидент.

Видеото беше објавено на „Тик-ток“ од самите ученици:

Директорката на училиштето Бојана Ѓорѓевиќ за српски „Курир“ изјавила дека видеото го снимиле нивни ученици кои минатата година завршиле четвртта година.

Снимката е објавена една година откако била снимена во училиште, а ја објави наш поранешен ученик. Наставничката која се појавува на видеото ни објасни дека не забележала дека учениците снимаат, а со оглед на тоа дека ова се случува на почеток на часот, таа брзо успеала да воведе дисциплина на часот, и затоа не го пријавила ваквото однесување, рекла директорката.

Додаде дека за учениците кои го снимиле видеото и ги прекршиле правилата на училишното однесување веќе имало засилена воспитно-образовна работа и воспитно-дисциплинска постапка, но не за видеото, за кое дознале дури сега, туку за други инциденти кои биле пријавени и во кои училиштето имало увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.