Новинарката Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, почина вчера ненадејно во својот дом.

Уредникот на Информер, Драган Вучиќевиќ во телевизиско гостување открива каков човек била Ксенија.

-Ксенија ја знаевме децении. Прекрасен човек, добар другар, пожртвувана мајка. Судбината е сурова. Почина во својот стан. Данило бил со неа, му починала на раце и тоа е страшно. Штом слушнал за тоа, претседателот отишол во нејзиниот дом. За 6-7 минути пристигнала Итната помош, се обиделе да ја реанимираат еден час, но немало помош, открива Вучиќевиќ, кој додава дека се уште не се знае причината за смртта, но се претпоставува дека е тромб.

Како што информира Вучиќевиќ погребот ќе биде одржан утре на 31 јануари во 13:30 часот на Новите гробишта во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.