Ученик во осмо одделение во основно училиште во село Прељина во Чачак, Србија денеска со лажен пиштол им се заканувал на соучениците имитирајќи пукање.
Момчето со години ги малтретира другите ученици. Во повеќето случаи децата се плашат од него и не смеат ниту да го пријават ниту да сведочат. Тој беше санкциониран со намалена оценка за поведение, но тоа не влијаело и нема да го засега. Загрижена сум за своето дете и секој ден со страв го праќам на училиште, вели загрижена мајка за РИНА.
Откако се случил овој инцидент, дежурниот полицаец веднаш реагирал и му го одзел лажниот пиштол на момчето, а потоа во училиштето дошла полициската патрола.
Директорот на училиштето Радојло Чоловиќ според тамошните медиуми не сакал да го коментира случајот.
Не даваме изјави за такви работи. Тоа е интерна процедура на училиштето, вие немате врска со тоа. Се најдобро, кратко изјавил Чоловиќ.
Инцидентот се случил во петокот, истиот ден кога едно девојче внело нож во друго основно училиште во Чачак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.