Во тешка сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 16 часот во српскиот град Руменка, на лице место загинал 36-годишниот полицаец Божидар Копривица.
Првичните информации се дека Божидар со полициски мотоцикл со ротација бркал возач кој не сакал да застане на знакот „стоп“, а за кој имал сомнение дека е во алкохолизирана состојба.
Во еден момент налетал на автомобил „пежо“ кој излегувал од паркингот на улицата. Полицаецот удрил во совозачката врата и починал на лице место.
Возилото го управувала жена, која не го видела полицискиот мотоцикл како доаѓа кон неа.
Истрагата е во тек, а засега не се знае дали полицијата го фатила возачот кој го бркал настраданиот полицаец.
Божидар бил сообраќаен полицаец. Роден во Бачка Паланка, а работел во Полициската управа во Нови Сад. Бил оженет, татко на две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.